СДС никако не успева, никако да се консолидира како сериозен политички субјект во земјава и да почне да води одговорна и рационална политика.Водат политика која се темели врз наративи изградени на дезинформации, некои нивни конструкции кои ги смислиле за да може да манипулираат во јавноста и цело време да ги извртоперуваат фактите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Неодамна СДС и Венко Филипче водеа една агресивна кампања и во јавноста пласираа тврдења дека Македонија наводно ќе стане камп за мигранти од Велика Британија, а реториката имаше за цел да предизвика паника и несигурност кај граѓаните.
Овие наводи беа експлицитно демантирани од сите релевантни институции во државата, а исто така британската дипломатија изнесе јасен и недвосмислен став по истото, и потврди дека не постел ниту пак постои било каков план за мигранти во Македонија.
Оваа Влада се обидува да ги санира катастрофалните штети кои СДС и ги нанесе на Македонија на секое поле, оваа Влада се труди да им обезбеди подобро утре на граѓаните на Македонија.
Во тој контекст, Стратешкиот Договор меѓу Македонија и Обединетото Кралство е значаен дипломатски и економски чекор и е највисок чин на меѓусебна доверба.
Договорот не е само што е формален акт на билатерална соработка, но и ја позиционира Македонија во кругот на интересите на една од највлијателните политички и економски сили во светот, и овозможува инвестициски циклус, особено во клучните сектори како инфраструктурата, транспорт, здравство и железница.
СДС преку нивните фабрикувани вести се обиде да го претвори ова во предмет на манипулација и да создаде некаков си впечаток дека постои некој таен договор.
Шпекулациите беа јавно демантирани и од страна на британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон.
Сите ги демантираа СДС, но очигледно и цел свет да ги соочи со фактите, тие ќе продолжат да се однесуваат несериозно и да се водат по нивната лажна теза, преку која се обидуваат да ја манипулираат јавноста и да ја доведат во заблуда.
Така СДС и Венко Филипче се грижат за граѓаните, ги лажат свесно, се обидуваат да ги изманипулираат и да предизвикаат паника, затоа се сведени на околу 100.000 гласови.







Comments are closed for this post.