Дури ја извршуваат својата работа, новинарите честопати се наоѓаат во првите редови изложени на ненадејна опасност. Тоа вообичаено важи за известувачите од воените подрачја, но понекогаш во таква ситуација може да се најдат и спортските новинари.
Таква незгода и се случи на Лора Ратлиџ, која додека известуваше од крај теренот на натпреврот од универзитетската лига во американски фудбал меѓу Џорџија и Масачусетс, беше буквално покосена од двајца фудбалери во полна борба за топката.
За среќа, Лора мина без повреда, по што и беше полесно со хумор да напише на социјалните мрежи за оваа несекојдневна случка во нејзината работа.
Took an L in Athens today. So many thanks to everyone at @UGAAthletics for their help after this happened…even though I’m a Gator ? pic.twitter.com/b1FTCPaqtH
— Laura Rutledge (@LauraMRutledge) November 18, 2018
Comments are closed for this post.