Aлександар Вучиќ сака да ги поедноставува работите во своите јавни настапи за, како што вели, „обичните луѓе“ полесно да го разберат.
Сепак, овој пат отиде чекор понатаму, изедначувајќи ги проблемите на Србија на нејзиниот пат кон Европската Унија со личните проблеми што го мачеле во младоста, кога неговата девојка го напуштила на 16 години.
Се сеќавам. Имав 16, 17 години, девојката ме напушти и не можев да се снајдам една година. Сè уште мислев дека таа само чека да помине таа година за да може да биде со мене. Па, така е со Европа, рече Вучиќ во интервју за телевизијата Блиц.







Comments are closed for this post.