Црнoгорецот Душко Мартиновиќ ќе остане забележан во светот на криминалот како единствен што успеал да ограби златарница во монденското гратче Сен Тропе. Овој член на Пинк Пантер не беше фатен во грабежот, но под чудни околности беше уапсен во Холандија неколку месеци подоцна. Сега тој се наоѓа во затворот „Спуж во Црна Гора.

Сен Тропе, некогаш мал рибарски град, со текот на времето стана место на светскиот џет -сет, а со тоа и примамлив за членовите на Пинк Пантер.

Мартиновиќ и тимот отидоа во Сен Тропе да ја подготват акцијата и мислеа дека најдобро ќе ја изведат со глисер.

– Отидовме дада изнајмиме глисер, но тие од нас побараа место на живеење, не ни дозволија, потоа најдовме глисер. Беше неопходно да се изнајми било кој глисер за да се стигне до пристаништето. Се упативме таму. Кога влеговме, меѓу големите јахти, никој не не запре. Не беше потребна идентификација -се присетува Мартиновиќ.

За акцијата покрај глисер изнајмиле и три мотори

Екипата ја сочинувале една атрактивна девојка, двајца Црногорци, двајца Срби, еден Хрват и еден Словенец .

Грабежот се случил на 29 август 2005 година во близина на полициска станица за што била потребна лудост или храброст.

Девојката глумела лажен купувач на вреден накит додека екипата за седумдсетина секунди ја испразниле златарата и со глисери и мотори побегнале во правец кон Монте Карло каде имале изнајмено стан.