Увозот на половни автомобили не е намален, но имаме позитивна тенденција на увоз на електрични и хибрридни возила. Во 2024 година е забележан раст на увозот на нови и употребувани хибридни и електрични за 55 проценти, вели Бобан Николовски, директор на Царинската управа.
Бројот на нови хибридни бележи раст од 36 посто. Ова придонесува за процентуален раст на возила кои не загадуваат и се надеваме дека колку што расте нивното производство толку ќе бидат повеќе увезувани бидејќи екологијата е наш приоритет, објаснува Николовски во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.
Нашите зајакнати истраги беа причина за зголемена наплата на давачки при увоз на возила. Годинава, заклучно со ноември се наплатени 11,3 милијарди денари, односно една милијарда повеќе од минатата или 11 проценти повеќе.







Comments are closed for this post.