Во таборот на Шкендија владее оптимизам пред утрешниот дуел во Скопје против Шелбурн во рамки на второто коло од главната фаза во Лигата на конференции, а тренерот Јетон Беќири верува дека со добра игра и поддршка од трибините на Националната арена „Тодор Проески“, македонскиот првак може да дојде до победа над противникот од Ирска.
„Имавме доволно време да се подготвиме. Иако противникот има различен стил на игра од нашиот, посакувам со добра и мудра игра да дојдеме до победа. Детално го анализиравме Шелбурн и мораме да одиграме квалитетно. Се надеваме на добра игра, поддршка од публиката и освојување на трите бода“, изјави Беќири на официјалната прес конференција пред утрешниот дуел со почеток во 18: 45 часот.
Шкендија својот историски настап во главната фаза во европските клупски натпреварувања ги почна со пораз од шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано од 2-0 на гостувањето во Мадрид.
„На дуелот со Ваљекано видовме како се игра модерен фудбал и не е случајно што шпанските тимови секогаш се на врвот. Рајо игра врвен и современ фудбал. Се надевам дека научивме нешто од тој натпревар и дека тоа искуство ќе ни помогне во иднина“, посочи стратегот на Шкендија
Comments are closed for this post.