Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својот профил објави фотографија со фудбалската легенда Дарко Панчев. На последниот ден од кампањата, Ѓорѓиевски доби поддршка од познатата „Деветка“, симболот на македонскиот фудбал.
Панчев, кој важи за една од најголемите спортски икони во земјата, со своето присуство испрати силна порака на охрабрување. Ѓорѓиевски во објавата истакна дека му значи поддршката од човек кој со своите победи го направил Скопје гордо.
Comments are closed for this post.