Карпош покажа сила, срце и единство! Стотици граѓани со нас, со верба во нов почеток и јасна порака дека овојпат победува визијата, а не празните ветувања.
За нас овие избори не се борба за функции, туку битка за достоинствен живот, ред, сигурност и можности за сите, напиша Сотир Лукровски.
Карпош мора повторно да стане општина со зелени паркови, модерна инфраструктура и поддршка за младите и бизнисите. Преку конкретни проекти и со многу работа ќе ја вратиме гордоста на нашата заедница.
Благодарен сум на премиерот Христијан Мицкоски и идниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за поддршката. Ова е почеток на ново поглавје, за Карпош што расте, создава и се гордее со своите луѓе.