Во врска со изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека евентуалното скршнување од патот кон Европската Унија ќе предизвика граѓаните да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а други со Бугарија, Димитриевски вчера нагласи дека се додека има Македонци, ќе ја има и Македонија и оти никој нема да побегне од државата.

-Деновиве предизборно повторно се јави уште еден политички лик кој нанесе голема штета на Македонија, на сите граѓани, а особено на Албанците им го врти умот со надолни патриотски и национални политики. Го слушам Ахмети како се расфрла со приказни за мали деца, за некакви поделби на Македонија – дека едниот дел од Куманово ќе одел во Албанија, а другиот во Бугарија. Ах, бе Ахмети, се додека има Македонци, ќе ја има и Македонија, а Македонија е тука каде што сме ние. Никој нема намера да побегне од Македонија. Единствено кои што побегна од Македонија е тимот околу Ахмети, кој што со граѓански пари се крие во белиот свет и доколку сака да биде искрен и реален треба тој да побегне од Зајас и од надвор да си ги прибере, да ги врати назад, да седнат на клупа, да одговараат, пресумпцијата на невиност ги штити доколку се невини, да се соочат со правдата, да го погледнат народот во очи и да се извинат на сите, бидејќи крадеа пари и на Албанци, и на Македонци, и на Власи, и на Турци…, рече Димитриевски