Петар Јевтиќ, член на Врачарскиот клан, кој беше уапсен на 17 септември во Атина по потерница од Србија, според тврдењата на Специјалното обвинителство, го користел името Теодор Бегвел на апликацијата Скај, по познатиот лик од популарната серија „Бегство од затвор“.
Јевтиќ е обвинет дека се обидел да го убие адвокатот Арсеније Стефановиќ на 1 февруари 2021 година.
– Никогаш не сум го пикнал носот, ниту ќе прашам што направил некој, зошто мора да патува, но овој сигурно направил грешка – пишува во една од пораките што Јевтиќ наводно ги испратил, кога се согласил да пука во Стефановиќ за пари.
– Само знам дека треба да скинам на некој лик и кога ќе завршам, шефот треба да ми плати да одам да се одморам малку – напишал тој во друга порака.
Comments are closed for this post.