Јас ви гарантирам дека МВР го има бројот на Груевски!
Ова, меѓу другото, го изјави адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски во еден од предметите, што против него ги води СЈО, Еленко Миланов, во неговото гостување на Топ тема на телевизија Телма. Тој додаде и дека телефонски се слуша со својот клиент откако тој е во Будимпешта и бара политички азил.
Сега останува отворена дилемата дали во меѓувреме, откако екс-премиерот Груевски е во Будимпешта и го очекува одговорот на неговото барање за азил од надлежните унгарски власти, премиерот Зоран Заев или министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по целата парада што ја организираа околу барањето по подземни гаражи и автомобилски багажници, можеби собрале сили и директно му се јавиле?! И како, на пример, се одвивала таа комуникација?!
А, можеби Груевски одговорил со познатиот рефрен од една песна -„Знам дека си ти кога викам ало“!
Груевски ми се јави на 13 ноември во доцните вечерни часови од број од странство. Судечкиот совет е информиран не само од мене, туку од сите во тимот дека сме исконтактирани. Неговиот повик беше по неговата објава. Потоа имавме уште една комуникација со пораки за овдешното судење за можноста да му биде определена мерка притвор пред да му биде одземен имунитетот. Ме нема контактирано во врска со барањето азил, бидејќи ние и да сакаме, не можеме да му помогнеме во врска со азил каде било надвор од Република Македонија, ниту го знаеме тамошното законодавство, ниту имаме дозвола за работа. Јас му вратив со порака дека е направена повреда и во делот на определување мерка притвор пред да му биде одземен имунитетот и тоа не може да го направи Судечкиот совет, туку само кривичниот по правосилен обвинителен акт. Јас ви гарантирам дека МВР го има бројот на Груевски. Затоа што тоа што го има како комуникација во мојот телефон го имаат веројатно, не знам од кои причини.Но, да, сигурно го имаат и тоа не од мојот телефон, туку од еден куп други информации, кои верувам дека нашите служби можат да ги обезбедат, рече Миланов во Топ тема.
Тој додаде дека со Груевски ќе контактира се додека е негов бранител.
-Ако ме контактира и ако имам потреба да го контактирам за било кое прашање од постапките за кои сум негов бранител, јас тоа ќе го сторам. Се додека не ми се одземе полномоштвото јас него го застапувам, рече Миланов.
Comments are closed for this post.