Денешниот противник на Шкендија има богато и бурно минато. Стеауа е синоним за романскиот фудбал од времето на Чаушеску чии беше омилен клуб. Крајот на осумдесетите години од минатиот век беа најсветлите години кога Стеауа беше европски и вицешампион во тогашниот клуб на шампионите.

Првата европска титула Стеауа ја освои во 1986 година против Барселона a херој беше голманот Дукадам. За нас најпознат играч на Стеауа е Милорад Белодедиќ кој подоцна ја освои европската титула и со Црвена Звезда.

Стеауа дојде до финалето во Европа и во 1989 година но тогаш Милан беше пресилен и победи со 4-0.

Со доаѓањето на „демократијата“ доаѓаат тешки денови за Стеауа. Поради спор со војската и Министерствтото за одбрана доаѓаат тешки денови за Стеауа. Војската сметаше дека таа има право на името Стеауа и контроверзниот газда Џиџи Бекали се одлучи на радикален чекор и го промени името во FCSB. Старата Стеауа пак се натпреварува во втората лига на Романија.

FCSB oстана доминантен во Романија но не успева да направи сериозен успех во Европа и да потсети на славните денови.