Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација против Република Македонија, против Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и лично против премиерот Мицкоски, откри на денешната прес конференција пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков, кој додаде дека оваа безуспешна координирана операција за дискредитација се спроведува од страна на бугарските служби и нивните соработници во Македонија.
Лефков потенцираше дека оваа операција се спроведува со употреба на класични хибридни методи: ширење лажни информации, конструирани афери, фабрикувани документи, лични и семејни дискредитации, и злоупотреба на човечки трагедии и економски инсинуации.
Сите овие активности, кои се засилуваат по секој пораз на бугарската дипломатија во европските институции, се водат од мрежа на медиумски портали во Бугарија, зад кои стојат структури на бугарските служби и блиски кругови до националистичките партии. Во таа мрежа се вклучени портали како Tribune.bg, Lupa.bg, Epicenter.bg, Pogled.info, како и стотици т.н. „mushroom“ веб-страници кои секојдневно сериски продуцираат лажни вести. Сомнежите за постоење на такви дезинформациски мрежи се веќе документирани и од меѓународни извори. Уште претходно, DFRLab (Digital Forensic Research Lab) разобличи мрежа од стотици координирани портали со потекло од Бугарија, кои се користат за ширење антизападни, а и антимакедонски наративи. Според нивниот извештај, тие функционираат преку субдомени и синхронизирани Facebook страници, со цел поддршка на агенди кои се косат со вредностите на демократијата, стабилноста и евроатлантскиот курс. Дел од овие содржини, за жал, ги преземаат и портали во Македонија блиски до СДС, а некои завршуваат и во традиционалните медиуми, рече Лефков.
Според него, оваа координирана операција нема идеолошка основа. Таа е мотивирана од реваншизам и од очајот на бугарската политика што веќе ги нема своите полтрони во Македонија.
Comments are closed for this post.