Велшкиот клуб ТНС се жали на навививачите на Шкендија поради расизам. Клубот од Велс излезе со официјална реакција каде бараат казни за тетовскиот клуб.
-„Тhe New Saints“ силно и недвосмислено го осудува расистичкото навредување упатено кон Арамиде Отех од страна на член на домашната публика по завршувањето на натпреварот од првото квалификациско коло на Лигата на шампионите против Шкендија.
Апсолутно нема место за расизам – ниту во фудбалот ниту во општеството. Сите во клубот му нудат целосна поддршка на Арамиде и цврсто стојат покрај него.
„Тhe New Saints“ се горди што ја поддржуваат кампањата #NoToRacism на УЕФА и остануваат посветени на промовирање на еднаквост, почит и инклузија и на теренот и надвор од него, стои во официјалниот став на велшкиот шампион
Comments are closed for this post.