„И се прди на Европа за вас“ е позната реплика на Горан Стефаноски од претставата Диво Месо. Нема подобра споредба од оваа со оној срам што се случуваше вчера во Европскиот парламемт и гласањето на Резолуцијата за напредокот на Македонија.
Од вчера е јасно дека ЕУ не нѐ сака во нивно друштво. Уствари нѐ сака, но осакатени, без јазик и идентитет, како аморфна маса.
Блудницата вавилонска уште еднаш покажа дека Македонија за нив е непосакуваното дете, кое би го примила во нивното семејство ако постарите членови во семејството (Грција и Бугарија) решат тоа дете да биде запишано во матичните книги како новороденче со нов идентитет.
Ви „благодариме“ Европо, вчера барем си го покажавте вистинското лице. Одите по паметот на една Бугарија и Грција. Нема далеку да стигнете, овие две ваши членки не секогаш биле на вистинската страна на историјата, посебно кога се работи за Македонија и Македонците.
Историјата се повторува, а како се вели дека таа е учителка на животот. А вчера многу научивме и видовме со кого си имаме работа. Ова на сите им беше јасно освен на СДСМ кои упорно бараат да направиме уставни измени откако претходно прифатија Договор за (не)добрососедство со Бугарија и француски предлог.
Оттаму почна сѐ. Веќе е повеќе од јасно дека не се работи за никави уставни измени туку за нашиот македонски јазик и идентитет.
Македонецот е навикнат на неправди од Брисел. Ќе го издржиме и ова.. А вие замислете се што Европскиот парпамент се претвори во „бугарска скупштина“
Comments are closed for this post.