Првообвинетиот Љупчо Палевски на 5.12 2023 година планирал да слета во Москва, откри во завршните зборови обвинителката Жаклина Јосифовска.

Таа ги читаше разговорите на Палчо со останатите обвинети, како и од пребарувањето во неговиот компјутер.

„Летови Москва“ и „безвижен режим Белорусија“, пребарувал Палевски.

Тој во разговрите тврдел дека мора да оди за Москва и оттаму да работи за партијата.

Планот на Палчо бил во Москва да замине преку Минск, Белорусија а ќе летал со азербејџанска авио компанија.