На Фејсбук страницата „Балкански навијаци“ е објавено видео за кое се уште не може да се утврди автентичноста но за кое се тврди дека е настанато синоќа на плоштадот „Македонија“ во Скопје. За волја на вистината вчера навистина имаше дожд во Скопје. Оваа страница тврди дека „Комитите“ нападнале навивач на АЕК од Атина во пресрет на мечот со Алкалоид кој се игра вечерва.
Во објавата има и фотографија од крвава рака за која се тврди дека е од грчкиот навивач.
Comments are closed for this post.