Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција во партиското седиште прашан за коментар за изјавата на лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче дека ќе предложи точки за лидерска средба, изјави дека нема потреба од такво нешто.

-Првенствено би сакале Венко Филипче да не ги користи приликите за лидерска средба за да си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред само еден месец и сметаме дека нема потреба за истото. Доколку Филипче сака да си прави средби со своите коалициони партнери може да го напарви тоа со Али Ахмети, со Таравари или со Димиче Апасиев, бидејќи тие се исти луѓе со исти вредности, рече Манасиевски на новинарско прашање дали е прифатлива за нив најавата на Филипче дека во понеделник ќе предложи конкретни точки за лидерска средба заради постигнување консензус околу евроинтеграциите.