Македонската ракометна репрезентација на домашен терен обезбеди пласмаан на Европското првенство следната година. Во “Јане Сандански совладана е Литванија 26-17 иако мора да признаеме потешко од очекувањата. Нашите имаа ужасен старт и првиот гол го постигнавме во осмата минута.

Литванија имаше предност се до крајот на првиот дел. На полувреме се замина со два гола предност за нашата селекција. Во вториот дел потполно различна слика, Македонија “мелеше” на теренот а Литванците како да се загубија во салата. Во тоа најмногу придонесе голманот Мартин Томовски кој беше несовладлив. Капитенот Кузмановски беше лидер на тимот со пет погодоци, како и Серафимов.

Со оваа победа Македонија е втора во групата, зад Словенија. Иако победивме Македонија ќе играше на ЕП и како најдобро пласирана од третите селекции.