За премиерот Христијан Мицкоски неприфатливо е коалицискиот партнер Арбен Таравари да договара со ДУИ како ќе настапи на претстојните локални избори. Очигледно е дека ако Таравари е на линија со Ахмети, нема да остане дел од Владата, туку ќе замине во опозиција. За ова ќе се знае утре откако ќе помине договорената средба на Таравари и Мицкоски.

Премиерот вели дека очекува да слушне јасен став од партнерот во Владата, дали има намера со Ахмети да крои планови за претстојните локални избори.