Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор во Гостиварпорача дека и покрај целокупниот политички терор и покрај сите закани и уцени кои му биле упатени, партијата станала пообединета.

Тој е убеден дека актуелната власт ќе биде поразена на следните избори без разлика дали тоа ќе бидат редовни или предремени.

Ја користам оваа прилика овде пред вас гостиварци да им порачам дека и покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и кои што ми ги упатуваа изминативе месеци на мене и моето семејство и покрај сите оние зло дела кои што ги правеа, ги прават, а гледам и дека имаат намера да продолжат да ги прават и врз нивната татковина, но и врз ВМРО-ДПМНЕ, дека и јас но и ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се пообединето, посплотено но и помотивирано и на следните, дали тоа ќе бидат предвремени или редовни парламентарни избори жестоко ќе ве поразиме, а првата таква пречка ќе дојде сега многу скоро на пролет, за време на претседателските избори кога исто така ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди кандидат кој што жестоко ќе го порази кандидатот на СДСМ на тие претседателски избори