Неколку илјади граѓани од цела Македонија вечерва се собрaa пред Собранието за да испратат порака дека не се согласуваат со она што го прави актуелната власта, која како што тврдат ги распродава националните интереси, и од Македонија наместо држава прави територија.

Ниту дождот ниту студеното време не го спречи народот да дојде на овој голем протест, за како што велат одбрана на Македонија.

Според говорниците, целта е јасна а тоа е да му се одземе правото на македонскиот народ да биде државотворен во својата во својата држава.

Една од говорниците беше поранешната пратеничка Солза Грчева која истакна декa Македонија испишува многу црни денови. според неа, ова се можеби најтешките денови во модерната историја на државата.

Таа прочита цитат од манифестот на АСНОМ, за кој обвини дека власта сега го брише од Уставот:

„Македонски народе, од тешките борби и пролеаната крв, на најдобрите  македонски синови, излегува денес првото народно Собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет. Ја прокламира пред целиот свет болната национална слобода на македонскиот народ, во првата слободна македонска држава. Вековниот идеал на македонскиот народ се постигна“.

-Од овие реченици бегаат. Се плашат како ѓавол од темјан. Се плашат од тоа да кажат македонска држава, затоа што АСНОМ не само што ја дефинира нашата прва држава како израз на вековните стремежи, туку јасно посочува дека македонскиот народ ја создал оваа држава, истакна Грчева.

Останатите говорници одлучно побараа отфрлање на , како што ја нарекоа спогодбата Димитров-Коѕијас и запирање на уставните измени кои се во тек. Бараат и од Уставниот суд веднаш да ја стопира целата постапка, во спротивно и тие ќе биле сооучесници на ова злосторство што и се случува на Македонија.