Велибор Манев лаже дека човек на Палевски од седиштето на партијата Десна зел некаков ранец, вели адвокатот Јовица Страшевски.Според него, Манев не ја говори вистината и нема доблест да го открие кој е тој човек.
Kрие некој што го скрил скрил најголемиот чин на убиството. Невозможно е да го прави тоа некој човек освена да лаже.Манев за различни изјави дава различни искази, а и самиот потврди во изјавите што ги даваш дека лажел и пред полицијата и пред обвинителството.
Тој бара обвинителството да го бара пиштолот со кој се извршени двете убиства, ако треба и да се запре постапката.
Да го најде човекот и еднаш да расчистиме со кој пиштол е пукано.
На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кое исказ даваше обвинетиот Велибор Манев, за првпат се откри дека имало уште едно лице кое е вклучено во прикривањето на доказите.
Манев му се обрати на првообвинетиот Љупчо Палевски и му рече да каже каде го има фрлено пиштолот и „моторолите“.
Негов послушник кој му беше како потрчко ги има земено од канцеларијата, откри за првпат Манев.
Додаде дека Палевски треба да открие на кого му дава наредба да ги уништи.
Човекот е фамилијарен и затоа досега не сакав да откривам, објасни Манев за тоа зошто дури сега ова го кажува.
Палевски му се јавил на Манев дека заминува за Турција и му рекол: „Јави му се на човекот да го земе пакетот од канцеларија и да го отстрани“.
Иако Палевски говорел за пакет се работело за син ранец.
Тој човек воопшто не учестуваше во убиствата и да не ја минува истата голгота досега не го спомнав, додаде Манев.
Comments are closed for this post.