Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа каде што беше пречекан од американскиот претседател Доналд Трамп, со почесна гарда според протоколот за највисоки државни посети.
Американскиот претседател Доналд Трамп одговори на прашање за неговата порака до сојузниците на НАТО во Централна и Источна Европа, кои се загрижени за експанзионистичката политика на Путин.
Трамп нагласи дека „се согласува и со Путин и со Украина“, бидејќи, како што вели, „во спротивно никогаш не би можел да постигне договор“.

Состанокот потоа доби непријатен тек кога Доналд Трамп му рече на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „треба да биде благодарен“, обвинувајќи го за „коцкање со Третата светска војна“.

Зеленски не одговори веднаш на оваа изјава, но претходно инсистираше на тоа дека не треба да има компромиси со Путин.