Maкедонија за прв пат имаше свој претставник на инагурација на американски претседател. Му се допаѓало тоа некому или не, тоа е премиерот Христијан Мицкоски кого го видовме како од свечената ложа ја следи церемонијата во друштво на претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
Mу личи на премиерот да биде заедно со лидерот на партијата која го номинираше за прв човек на САД од кого зависи иднината не само на Америка туку и на светот. За тие неколку дена во Вашингтон Мицкоски оствари контакт, но и соработка со политичари и бизнисмени кои опозицијата на чело со ДУИ и помалиот партнер СДСМ не можат да ги видат ниту на телевизија. И да ги видат нема да знаат кои се.
Па така, покрај со Ватли, премиерот се сретна и со Александар Касаноф, шомошник државен секретар на САД за Западен Балкан, како и со Џеси Спиро.
За тие што не знаат тој е главен директор во Тетер и одговорен за стратешките односи со владите во Светот. Тетер пак е најголемата компанија во Светот која менаџира дигитален капитал, крипто валути. Профитот на компанијата во 2023 година е 6,2 милијарди американски долари.
Одиме понатаму. Се сретна и со Ендру Пејкоф, американски бизнисмен со македонско потекло, основач и Претседател на Нијагара Ботлинг, компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари и околу 5000 вработени.
Tука беше и средбата со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, а сега во новата администрација нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика. Во друштво на Мицкоски беа и едни од најпознатите американски новинари Такер Карслон и Меган Кели.
Е сега споредете ги сите овие средби со фотографијата на Заев со Трамп во траење од неколку секунди кога ги сликаше „сликарот“ Димитров во ходниците на ОН.
Или пак кога Заев се среќаваше со лажниот крал на Црна Гора кој испадна обичен преварант.Има разлика, нели?
Затоа опозицијата и нивните медиуми и понатаму нека се занимаваат со тоа како заминал Мицкоски во САД, кој го поканил на инаугурацијата.
Конечно премиер на Македонија е во друштво на највлијателните, а не да коленичи пред оние во Брисел како што тоа го правеше Заев. Таче,го заборавиме, и онака е небитен и важен како ланскиот снег.
На сегашниот лидер на СДСМ пак друштво му е Харис Џиновиќ.
Comments are closed for this post.