На социјалните мрежи се појави ретка фотографија од изградбата на „Градскиот стадион“. Овој објект почнал да се гради веднаш по втората Светска војна во 1947 година а изградбата н во денешната форма започнала во далечната 1978 година, кога започнала изградбата на јужната трибина.  По долг застој во јануари 2008 година беше урната старата северна трибина и започна изградба на нова трибина.

Изградбата на новата северна трибина се спровела според највисоките стандарди на ФИФА. Оваа трибина беше пуштена во употреба на 2 август 2009. Потоа на 8 септември 2009 година започна изградбата на источната и западната трибина. Кон крајот на 2009 година започнала и обновата на јужната трибина и истата беше во 2010 година. Круна на овој објект беше Супер купот на Европа 2017 година.