Карлос Корберан е нов тренер на Валенсија, објави шпанскиот фудбалски прволигаш.
Договорот со 41-годишниот шпански фудбалски стручњак е до 2027 година. Раководството на „Лилјаците“ активираше посебна опција во неговиот договор со Вест Бромвич, кој Корберан го водеше од 2022 година.
На 23 декември Валенсија објави дека ја прекина соработката со тренерот Рубен Бараха. Одлуката е донесена поради лошите резултати на тимот оваа сезона.
Валенсија е на претпоследното, 19. место во поредокот на шпанскиот шампионат, со 12 бода од 17 натпревари.
Член на Валенсија е македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски
Comments are closed for this post.