Груби не правел ниту една работа без одобрение на АхметиToj е олицетворение на криминалот и корупцијата на ДУИ и нивниот партнер, СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Бујар Османи.

Самиот Груби, многу пати во јавноста има кажувано дека ниту една работа не ја прави без одобрение на неговиот лидер, Ахмети.

Кога дојде момент за одговорност, Ахмети се откажа од својата десна рака Груби, но да потсетиме дека Артан Груби, не е било кој, туку поранешен прв вицепремиер во криминалната Влада на СДС и ДУИ.

Ахмети и Груби, ја користеа моќта да глумат шерифи и да си ја водат државата како да е во нивна сопственост.

Затоа и граѓаните ги казнија на изборите, а и по новите анкети се гледа дека уште долго ќе бидат во опозиција. Доаѓа време на правда и одговорност мора да има