Владимир Доневски е адвокатот што ќе го застапува Артан Груби во случајот „Лотарија“, дознава „Пресинг ТВ“. Тој веќе се ангажирал за неговиот клиент кој во моментов се наоѓа на Косово, наводно поради приватни причини. „Пресинг ТВ“ стапи во контакт со Доневски кој рече дека брза на судење и не може да ни потврди дали е застапник на Груби.

Според нашите сознанија, Доневски веќе се фатил за работа и вчера бил во Кривичниот суд за да се произнесе на барањето на Обвинителството за одредување на притвор за Груби. Адвокатот наводно му предочил на судијата на претходна постапка дека Груби е подготвен да се врати во Македониј доколку мерката притвор биде заменета со поблага како што е одземење на патните исправи.

Одлуката на судијата за Груби се очекува денеска. Инаку Доневски е познат во јавноста како поранешен застапник на Драги Рашковски.