Христијан Мицкоски е единствениот што го брани криминалот на Никола Груевски, а тоа го потврдува со тоа што се обидува да го претстави Груевски за жртва, обвинуваат од СДСМ.
Како што се наведува во партиското соопштение, тоа нема да остане скриено од јавноста и таа ќе ја дознае вистината.
Затоа Мицкоски не одговори за средбата со неговиот ментор, Никола Груевски, затоа не одговори ниту за неговите посети на Белград и Будимпешта во октомври 2018 година. Јавноста ќе ја дознае целата вистината. Како што излегоа на виделина шемите на Мицкоски со Никола Груевски за неговите хидроцентрали токму во време кога му бил советник. На антизападниот пион Мицкоски и на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде кристално јасно: криминалот на Никола Груевски не може да го одбранат, правда ќе има – се наведува во соопштението на СДСМ.
Comments are closed for this post.