Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го критикуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, обвинувајќи го за „цунами на дезинформации“, а Москва за ескалација во Украина.
На состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Блинкен рече дека исто така му е жал што Лавров ја напушти салата по неговиот говор.
Жалам што нашиот колега, господинот Лавров, ја напушти просторијата, не покажувајќи учтивост да не слуша како што го слушавме ние него, рече Блинкен на средбата во Малта.
Тој додаде дека Сергеј Лавров е многу вешт да ги преплави слушателите со „цунами од дезинформации“.
Шефот на руската дипломатија претходно го обвини Западот за оркестрирање на „нова студена војна“ која, како што оцени, се заканува да премине во „топла фаза“.
Сергеј Лавров денеска е во Малта, во прва посета на земја од Европската унија (ЕУ) од почетокот на војната во Украина во 2022 година.
Comments are closed for this post.