Осумдесетина демонстранти се уапсени во Лондон за време на протести против глобалното загадување. Во протестите учествуваат стотици демонстранти, коишто ги блокираа главните мостови во центарот на Лондон, барајќи од британската Влада сериозно да работи на климатските промени.
Блокирани се пет мостови во Лондон, а британската полиција посочи дека поради тоа возилата на Брза помош отежнато ги поминуваат мостовите.
Учесниците на протестите носат транспаренти на кои е напишано „За живот на сите на земјата“, „Климатски промени/масовно убиство“, како и „Спиеме додека нашата планета цвили“.
One at a time protesters are being arrested by police on Lambeth Bridge. At least six in the last 20 minutes. Protesters are cheering, singing #ExtinctionRebellion #London pic.twitter.com/irvcKIgjcQ
— Hannah Liddle (@hjliddle) November 17, 2018
Comments are closed for this post.