Нашето место е во рамките на ЕУ и мора да бидеме таму каде што заслужуваме, порача премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта, каде вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО.

Во исто време од Брисел, кандидатката за нова еврокомесарка за проширување Марта Кос нагласи дека очекува земјава да го промени Уставот како што вети, за да може да продолжи на својот европски пат.

Мицкоски од Будимпешта изрази оптимизам за иднината на земјата, нагласувајќи дека се бориме за нашите аргументи и за „вистината која е не заобиколива“.

– Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси, изјави Мицкоски. Тој информираше дека на маргините на Самитот остварил продуктивна средба со францускиот претседател Емануел Макрон, со кој, како што кажа, отворено разговарале за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија.

Мицкоски истакна дека за време на средбите што ги имал на маргините на Самитот во Будимпешта, ги презентирал нашите аргументи, како ја гледаме нашата економска иднина и нашите економски цели, како и „начинот на којшто планираме да ја развиваме нашата Македонија, но истовремено и ги презентирал и „нашите погледи и аргументи за нашиот евроинтегративен пат“.

On the sidelines of the European Political Community event in Budapest I had a productive meeting with French President Emmanuel Macron. We openly discussed unblocking Macedonia’s path to the

– Со секоја средба, се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина што ја чувствуваат нашите граѓани и којашто е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците и годините коишто следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме, а тоа е успешна, европска приказна. Нашето место е во рамките на ЕУ. После овој состанок на Европската политичка заедница, овде во Будимпешта, уште повеќе сум оптимист дека мора да не биде и ќе не биде. Тоа што е важно, е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина, изјави Мицкоски.