Победата на Доналд Трамп не беше со воодушевување примена кај претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Од помошта на САД зависи исходот на војната и со новата администрација прашање е дали ќе ја има.

На социјалните мрежи е објавена фотографија на голем број лидери со кои се сретнал Зеленски а кои потоа губат на избори. Прва е се разбира Харис но и Бајден, Борис Џонсон и Кирил Петков.