Меланија Трамп во својата книга се присети и на непријатни моменти од нејзиниот живот на територијата на поранешна Југославија, кога УДБА им упаднала во нивниот дом поради, како што вели, „сомнителниот начин“ на животот на нејзиниот татко. Истакна дека соседите го пријавиле татко ѝ.
Во биографијата Меланија негираше дека нејзиниот татко бил комунист, нагласувајќи дека комунизмот не ги одразува неговите политички убедувања.
Неговото членство во Комунистичката партија беше задолжително бидејќи партијата воведе автоматска месечна членарина од дел од неговата плата – се наведува во книгата, а пренесува Дејли Мејл. Нивниот извор пак раскажал дека членството на таткото на Меланија во КПЈ му донело бројни привилегии на семејството на поранешната прва дама на САД. Тој тврди дека во градот имале посебен третман, прво пристап до основни работи, а Виктор Кнавс заработувал многу подобро од другите Севничани.
Comments are closed for this post.