Сто денови влада и веќе околу 100 реализирани проекти. Последниот од нив е тој што почна од од стартот на октомври – линеарното зголемување на пензиите, но пред тоа имаше и почеток на изградба на нови градинки, почеток на големи инфраструктурни проекти, нови странски инвестиции, проширување на позитивната листа на лекови …
И се тоа, без преголема помпа или големи Пи-Ар кампањи, кои остануваа на празни зборови, туку со посветена работа на терен, таму каде што веќе се чувствуваат видливи резултати.
Пристојноста мора да е една од нашите клучни одлики, а пристојноста доаѓа од понизноста кога Владата го слуша својот народ, работи за него и е практично слуга на народот. Лошото е ако имаме чувство за себе дека се знаеме и дека гласот на народот воопшто не е важен“, е една од пораките на премиерот Христијан Мицкоски, кој даде отчет пред граѓаните за сработеното на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Токму мислењето на граѓаните и тоа што тие имаа да го кажат за нивните желби и потреби беа еден од основните столбови уште во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, па токму на тоа се става фокус при изборот што да се реализира од државните институции.
Првичните резултати сами за себе говорат дека критиките и советите се слушнати и врз основа на истите се делува. Секогаш без исклучок, навремено се реагира слушајќи го гласот на народот и гласот на медиумите.
Стратешките прашања, а тоа се интересите на граѓаните, интересите на народот се заедничка цел на постојната Влада затоа што народот е тој кој е заслужен за тоа што денес можеме да кажеме дека имаме плодни и успешни 100 дена зад нас“, додаде Мицкоски.
Comments are closed for this post.