Македонската делегација на 19 септември ќе биде во Брисел на средби со челниците на Европската унија. На средите ќе биде презентиран предлогот што веќе го најави премиерот Христијан Мицкоски за уставни измени со одложено дејство.
Како што велат извори од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, сега се бара начинот како предлогот да биде преставен. Шефот на дипломатијата нема дилеми дека треба да се разговара и оти со дијалог може да се најде решение.
Во дипломатијата нема гаранција за успех, но ќе бараме решение. Сметам дека Заклучоците не треба да се менуваат за да се применат уставните измени со одложено дејство. Но, потребно е менување на францускиот предлог, односно францускиот предлог плус. Премногу концесии се направени од наша страна и немаме доверба дека ова ќе биде последна отстапка, вели изворот.
Ова суштински би значело дека Македонија не ја избегнува обврската за уставни измени како што се бара со францускиот предлог но оти примената би била со одложено, односно пред приемот на земјата во ЕУ.
Comments are closed for this post.