Наставниците ќе добијат повисоки плати во март идната година, наместо сега во септември. Министерката за образование и денеска беше категорична дека нема пари за 12 процентно покачување на почетокот на учебната година бидејќи претходната Влада оставила празен буџет и средствата не ги планирале правилно. Министерството периодов имало огромни трошоци за учебниците, ученичкиот и студенстски стандар, превозот, доградба и реновирање на училишта… зошто претходната власт не водела грижа за тоа. Вака министерката Јаневска и одговори на пратеничката Тренчевска која вчера во тема на денот на Сител рече дека Владата мора да го почитува законот за наставници и потпишаниот договор за поголеми плати на наставниците за 12 отсто, а не да преговара со синдикатот.

-Наследивме празен буџет. Јас сум убедена дека ќе имаат разбирање. И ветувам дека наредната година ќе има зголемување на платите за да бидат задоволни и мотивирани наставниците, изјави проф. д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука.