Владата на Албин Курти за три години потрошил 30 милиони евра на нафтени деривати за „службени возила“, објави денеска приштинскиот портал Фронт онлајн.

Порталот, повикувајќи се на податоците на Министерството за финансии потсетува дека Курти додека беше во опозиција бил против високите трошоци за службените автомобили.

Се наведува дека во 2021 година привремените институции потрошиле 7,62 милиони евра за гориво за автомобили, во 2022 година тие расходи достигнале 11,34 милиони евра, додека во 2023 година изнесувале 10,5 милиони евра. Вкупно, во тригодишниот период (2021-2023) се потрошени околу 30 милиони евра за гориво за автомобили“, пишува Front Online.