Онкологот од Северна Каролина Николас Девито открил дека секој нов пациент кој доаѓа во неговата клиника е на возраст под 45 години. Тој тврди дека и неговите колеги во последните години ја забележале истата појава, чиј главен виновник е ултра преработената храна, а лоша е состојбата и во Србија, oбјави „Република.рс.“
Тој посочува дека во детството не сме биле толку изложени на канцерогени материи, особено не на конзервирана и храна третирана со пестициди. Д-р Ковчин пак објаснува дека наследниот фактор кај, на пример, ракот на дебелото црево може да биде причина за рак до седум проценти. Главната причина е високата загаденост, а кога има критична количина во телото, се развива рак.
Еден од клучните фактори е преработената храна, а д-р Ковчин вели дека се работи и за храна која е означена како „долготрајна“ и „конзервирана“ бидејќи е полна со адитиви.
АДИТИВИ И КОНЗЕРВАТИВИ
Наместо да готват, помладите често нарачуваат храна или избираат брзо да го задоволат гладот со пица, хамбургер или чипс. Во исто време животните се третираат со анаболици за да имаат што повеќе месо. Таквото месо содржи штетни хормони, кои остануваат во телото и развиваат рак. Д-р Ковчин исто така истакнува дека стресот го нарушува имунитетот кој е одговорен за убивање на малигните клетки.
Најчестите видови на рак предизвикани од храна
– хранопроводникот
– панкреасот
– црн дроб
– црева
– уринарен тракт
– бубрези
– уринарен мочен меур
Извор Република.рс
Comments are closed for this post.