Скопје Север, Петровец и Ѓорче Петров се трите локации меѓу кои ќе се избира каде ќе се гради новиот Клинички центар.
Премиерот Зоран Заев соопшти дека во Комсијата во Владата е завршена постапката и дека следува дебата на Собранието на идната седница.
Предностите при изборот ќе бидат немањето потреба да се решаваат имотно-правни работи, односно локација на која најмногу земјиште има во сопственост на РМ, најлесна урбанизација и лесна адаптибилна проектна документација на главен дизајн или главен проект, рече премиерот
Тој потенцира дека доколку се заврши се до првата половина од 2019 година може да се пристапи кон тендер за избор на изведувач. Оцени дека се работи на огромен проект проектиран на 450 милиони евра
Comments are closed for this post.