Наследникот на големото ренесансно семејство и истакнати претставници на дебарската уметничка школа е современиот џелат на Бугарите во Македонија, Љубомир Фрчковски. Вака бугарски „Фактор.бг“ го опишува сѐ уште актуелниот амбасадор во Обединетите нации.
За бугарскиот весник, Фрчковски е претставник на големо бугарско ренесансно семејство кое низ историјата се врти против Бугарија.
Семејството потекнува од Галичник и произвело многу истакнати претставници на дебарската уметничка школа, една од трите големи уметнички училишта за време на бугарската ренесанса, заедно со училиштата Тревнен и Самоков. Еден од големите претставници на Дебарската школа е Макрии Негриев Фрчковски, кој е роден во 1800 година во Галичник.
Тој е еден од резбарите што го направија иконостасот на црквата Свети Спас во Скопје, каде што денеска почиваат смртните останки на Гоце Делчев.
Макрии починал во Пазарџик во 1849 година и бил погребан зад олтарот на црквата.
Извор: Фактор.бг
Comments are closed for this post.