Поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец, Иван Ракитиќ потпиша за Хајдук, соопшти вечерва клубот од Сплит.
Ракитиќ доаѓа од саудиски Ал Шабаб и во недела навечер официјално ќе биде претставен како најголемото засилување на Хајдук.
Во својот нов клуб ќе го носи дресот со број 11.
Ракитиќ има 36 години, кариерата ја започна во Базел, а потоа во два мандати играше за Шалке, Барселона и Севиља.
Ја освои Лигата на шампионите со Барселона, две Лига Европа со Севиља, четири титули со Каталонците, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.
Comments are closed for this post.