Сезоната е во пол ек. Грција е најчестата дестинација па „Пресинг ТВ“ ви ги носи плажите со највисоки температури на морето во Грција

Плажата Мандраки, Скијатос

Мандраки е всушност област составена од три плажи – пристаништето Ксеркс, кое плени со златниот песок и тиркизното море, и неорганизираните Елија и Агкистрос, а патот до нив води низ прекрасниот парк Мандраки.

 

Плажата Парадизо, Неос Мармарас

Оваа долга, тесна и камчеста плажа се наоѓа на влезот во Неос Мармарас, епицентарот на случувањата во Ситонија. Тивко е, добро организирано и нема гужва, а единствено е што влезот во водата е отежнат поради поголемите камења. Туристите велат дека овде може да се очекува морска температура од 30 степени.

Плажата Ливари, Вурвуру

Вурвуру е мало, специфично место на истокот на Ситонија. Главната плажа во градот е Кариди и се смета за една од најубавите на полуостровот, додека Ливари е прекрасна песочна лагуна која се наоѓа недалеку од неа.

 

Паралија

Туристите често се жалат на морето во едно од најпопуларните одморалишта меѓу Македонците – поради медузите, тревата што понекогаш ја креваат брановите, водата која е матна во плиткото поради песокот, но она што секако не може да се критикува е температурата на морето.