Репрезентацијата на Аргентина рано утрово ја совлада Колумбија со 1:0 во финалето на Копа Америка 2024 година.
Основните 90 минути завршија нерешено, 0:0. Стрелец на единствениот гол беше Лаутаро Мартинез во 112. минута по асистенцијата на Џовани Ло Селсо. Двајцата играчи влегоа на теренот во продолженијата.
Турнирот се одржа во САД.
Претходно, во мечот за третото место, селекцијата на Уругвај ја победи Канада (2:2, 4:3 пенали).
Репрезентацијата на Аргентина по 16-ти пат ја освои Копа Америка и стана рекордер на турнирот, надминувајќи го Уругвај, кој има 15 трофеи. Бразил е трет со девет титули.
Comments are closed for this post.