За поддршката што Министерството за финансии и, севкупно земјава, ја добива од Соединетите Американски Држави разговарале денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и амбасадорката на САД, Ангела Агелер.
На средбата во Министерството за финансии било истакнато дека таа соработка ќе се зајакнува особено во претстојното спроведување на реформите.
САД се стратешки партнер на земјава и тоа стратешко партнерство кое во континуитет се одржува од независноста ќе продолжи и во иднина. Тоа е значајно и клучно за унапредување на демократските процеси во земјава, владеење на правото, економски просперитет и обезбедување поголема стабилност и развој на земјата – рече министерката Димитриеска-Кочоска.
Како што информира Министерството за финансии, таа додаде дека претстои многу работа и дека со силна посветеност ќе се пристапи кон спроведување на реформите коишто се клучни за иднината на земјата, „а во остварувањето на тие реформи значајна е поддршката од стратешките партнери на земјата како САД“.
На средбата соговорниците се осврнаа и на поддршката што Министерството за финансии ја добива од Трезорот на САД во градење на капацитетите на институцијата во обезбедување стабилност во јавните финансии и фискална одржливост, се наведува во соопштението.
Comments are closed for this post.