Еве сме, јас и Алексис. Ние ја презедовме најголемата одговорност за решвање на проблемот и креирање на Договорот од Преспа. И ја плативме политичката цена за тоа. Сега, почитувањето на договорот е лесниот дел и е одговорност кон граѓаните и иднините на двете земји.

Ова е само дел од говорот на поранешниот премиер Зоран Заев пред присутните на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина, на која се „прославија“ шест години од потпишувањето на Преспанскиот договор.

 

Според Заев, треба да се градат мостови и пријателство, да се тргнеме од провокациите и злоупотребите кои само носат блокади.

Од оваа перспектива, целта на прогресивните сили треба да биде да не останат само набљудувачи на регресивните процеси. Наместо да бидат демотивирани од таквите тенденции, треба да се мотивираат двојно повеќе за да се одбрани постигнатото, тоа што е потврдено дека е добро, рече Заев.