Треба да се истражи дали Груевски доброволно ја напуштил земјата или пак, бил киднапиран. Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие прашања. Редно е како држава јавно да ги поставиме овие прашања,рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Владата на Република Македонија

Македонскиот премиер вели дека власта ќе направи се за Никола Груевски да служи казна овде во Македонија.

Нема да застанеме додека не се случи тоа. МВР штом ќе ја компелтира истрагата, ќе одговори каде е одговорноста, каде потврил системот, рече премиерот. Истрагата ќе ги даде сите одговори, а одговорноста ќе биде понесена.Четири недели претходно органите постапувале согласно нивните овластувања, а јас бев свесен дека такво нешто е можно да се случи, истакна  Заев.

Во однос на тврдењата од екс премиерот за причината за бегство и барањето за политички азил Заев вели:  ,,Лаже дека имал закани за животот и немало индиции дека ќе бега”.

Инаку Груевски се јави од Будимпешта на 13 ноември и кажа дека бара азил од унгарските власти. Ден претходно, македонската полиција го бараше дома, кај мајка му и во гаражата кај партиското седиште во центарот на Скопје. Тој на 9 ноември требаше да се пријави во затворот во Шутка на издржување на двегодишна затворска казна за „Тенк” на СЈО за набавката на мерцедесот од 600.000 евра. Според официјалната потврда од албанската и црногорската полиција, тој на 11 ноември со унгарско дипломатско возило преку Албанија влегол во Црна Гора, а од таму истиот ден во Србија од каде продолжил за Будимпешта.