Изет Меџити, претседател на Демократското движење и носител на листа во Првата изборна единица од албанската опозициска коалиција „Влен“ на денешната прес-конференција нагласи дека тие не бојкотираат, туку, како што рече, повикуваат нивните гласачи да излезат и да гласат на претседателските избори за еден од двајцата кандидати.
-Не, не одиме на бојкот. Ги повикуваме нашите гласачи да гласаат за кандидатите за претседател, а за кого ќе гласаат тие, ние ги немаме во џеб тие гласови, ќе гласаат според нивното убедување за подобриот кандидат, рече Меџити.
Тој се заблагодари на околу 10 илјади сограѓани од дијаспората кои се дојдени за да го остварат своето гласачо право на вториот ктуг на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.
-Дува ветерот на промени и тоа го чувствуваме. Се заблагодарувам на околу 10 илјади наши сограѓани од дијаспората кои веќе се дојдени, ги оставиле своите работи и обврски таму за да го искористат правото да гласаат и да придонесат за промената која треба да дојде на овие избори. Повеќето се самоорганизирани, некои и со нивна помош преку нивните организации по различни држави во Европа, рече Меџити.
Меџити ја обвини ДУИ дека продолжуваат со поткуп на гласачи, со притисоци кон администрацијата, кон лицата кои се вработени со договор на дело и кон бизнис секторот.
Comments are closed for this post.