Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова синоќа се соочија во „Претседателска дебата“ на ТВ21.
Тие дебатираа за преговарачката рамка, а Силјановска Давкова истакна дека тие ја прифаќаат, но не и уставните промени.
„Ние не го прифаќаме само елементот врзан за уставните измени и мислиме дека со поинаква добрососедска интерпретација, дека ако се копенхагенски критериуми во прашање може вето, нека си разговараат комисиите инаку не може да се употреби тоа за вето и ги почитуваме европските темелни вредности и принципи и преговарачката рамка, ама и себе претседателе“, порача Давкова.
Силјановска Давкова порача дека уставните промени нема да го решат проблемот. Според неа, тие само ќе го продлабочат.
„Тој го стави во фиока и со тоа се самопрогласи за американски претседател кој што на некој начин во џеб ги стави уставните измени, а нема право на тоа. Јас сум за тоа, ги кажав оние кои што можат да предложат уставни измени, тоа тие не го процесуираа инаку ќе се видеше дека слично како и народот, и пратениците внатре, дури и од опозицијата некои мислат слично на мене, дека нема потреба од такви уставни измени на ваков начин“, порача Силјановска Давкова.
Comments are closed for this post.